11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ДИСКРИМИНАЦИЈА: Домовите на луѓето болни од Ковид-19 се обележани со црвени ознаки

Градоначалникот на градот Сукре, Луис Дуке во централниот дел на Венецуела, започна да става црвени знаци за предупредување на куќите на луѓето кои страдаат од корона вирус и се закани дека ќе ја укине социјалната помош за оние што го прекршуваат карантинот.

Дуке, претставувајќи ја ознаката во форма на црвен круг прецртан со црвена линија на бела хартија, објасни дека така сака да го „заштити народот“.

  • Овој знак означува дека некој е заразен со COVID-19 или се сомнева дека има случај на болест, па луѓето се предупредени – наведува Дуке на видеото на неговиот профил на Instagram.

Тој во изјава за локалното радио најави дека придобивките, како што се помошта за храна и гас, ќе бидат укинати доколку луѓето не се придржуваат до карантинот воведен поради зголемувањето на бројот на случаи со вирусот корона, пренесува Ројтерс.

Потегот на градоначалникот, кој е член на владејачката Социјалистичка партија на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наиде на обвинувања за дискриминација.

Адвокатката за човекови права Тамара Суху остро реагираше објавувајќи на Twitter.

  • Мора да го осудиме и да му посакаме добро здравје, за да не мора да се етикетира – напиша таа.

Венецуела се соочува со ново зголемување на бројот на новоинфицирани по врвот во август. Во текот на претходниот ден, во таа земја беа регистрирани 1.525 нови случаи, а 15 лица починаа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести