9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

СОПРУГАТА НА ТАРИК ФИЛИПОВИЌ Е ВИСТИНСКА БОМБА! Победи на избор за мис, а поради бизарна причина и ја одземаа титулата (фото)

Популарниот хрватски водител Тарик Филиповиќ е оженет со четири години помладата сопруга Лејла Филиповиќ.

Лејла остана запаметена по скандалот што и се случи откако беше избрана за Мис на Хрватска во 1998 година, а пет дена подоцна гласањето беше прогласено за нерегуларно. Имено, на Лејла во тоа време и беше одземена круната, а покрај тоа, таа беше во центарот на вниманието на јавноста поради првиот брак, откако дозна дека сопругот ја изневерува.

Како што тогаш известуваа хрватските медиуми, Лејла го фати во прељуба својот прв сопруг со кого има син,  по што веднаш поднесе барање за развод. Денес е во брак со водителот и актер Тарик Филиповиќ.

Лејла и Тарик се виделе едвај три пати пред да започнат љубовна поманса. Првиот пат било за време на скандалот, кога Тарик и се јавил на мајката на Лејла, вториот пат се сретнале во продавница за чевли, а третиот пат во едно кафуле.

Секоја средба завршувала само со попатен поздрав и насмевка, а потоа неннадејно влегоа во љубовна врска што ќе ги одведе во брак, кој е хармоничен и ден денес трае.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести