10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Предложени парични казни за шестмина непочитувачи на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Во издвоени кривично-правни настани, при контроли направени во периодот од 11-18 март на различни локации во градот, полициски службеници ги затекнале обвинетите при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, обвинетите се движеле без да поседуваат дозвола за тоа во периодот меѓу 22 и 05 часот, кога на сила бил важечки полициски час како мерка за сузбивање на заразна болест.

Јавните обвинители му предложија на Судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести