21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

ВАКОВ ХАОС НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: Победи на Мис, па круната брутално и ја одземаа бидејќи била разведена (видео)

Победничката на избор за Мис Шри Ланка го заврши натпреварот со повреда на главата откако настана хаос на сцената за време на доделувањето на круната.

Пушпика Де Силва беше прогласена за победничка и со тоа стана „Мис Шри Ланка“. Но тоа не траеше долго.

Само неколку моменти подоцна, на сцената се појави победничката на изборите во 2019 година. Таа изјави дека Пушпика не може да биде победничка затоа што била разведена, што значи дека ги прекршила правила за избор на Мис кои налагаат дека за „Мис Шри Ланка“ треба да биде избрана омажена жена.

Поранешната Мис, Каролин Јури, отиде кај Пушпика ѝ ја симна круната од главата и ја стави на главата на друга натпреварувачка. Де Силва се сврте и ја напушти сцената.

Следниот ден беше објавено дека Пушпика завршила во болница. Таа тврдеше дека има повреди на главата, а исто така страдала од тешка депресија по настанот. Организаторите ѝ се извинија и ѝ ја вратија титулата бидејќи утврдиле дека не се развела од сопругот, само живееле оддвоено.

„Вистинската кралица не е жена која краде круна на друга жена, туку жена која дискретно ја поправа круната на друга жена“, заклучи Де Силва.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести