7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Ципрас: Горд сум што СИРИЗА остави многу важен договор зад себе, горд сум на договорот од Преспа

Горд сум што Грција ја надгради својата геополитичка динамика во петте тешки години додека бевме на власт и што зад себе остави еден многу важен договор, Договорот од Преспа, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервју за грчката телевизија „Контра“, објаснувајќи дека благодарение на договорот, Турција не е и на северната грчка граница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, говорејќи за надворешната политика на земјата, поранешниот грчки премиер се осврна и на Договорот од Преспа, рече дека „некои кои глумеа, иако знаеја дека е позитивен договор, се бореа против него до последен момент поради политички цели“.

– Зошто сум горд? Бидејќи знам дека земјата ја нема Турција и на северната граница. Неколку месеци подоцна се покажа дека Турција не е само на исток, туку и на југ, во Либија. Ќе беше и на нашата северна граница, ќе беше и во земјата која денес е пријателска кон Грција, а грчките вооружени сили го надгледуваат нејзиниот воздушен простор, односно Турција ќе беше и во Северна Македонија, истакна Ципрас.

Во синоќешното интервју тој ги спомена и трите меморандуми што произлегуваат од Договорот од Преспа, а речиси седум месеци чекаат да бидат ратификувани во Парламентот, повторувајќи ја неговата позиција дека секој позитивен глас од 158-те пратениците на Нова демократија, ќе биде и едно извинување за нивниот став додека беа во опозиција.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести