5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

БРАВО: Оваа европска земја го победи корона вирусот и животот се врати во нормала – еве како!

Со 34.000 жители, Гибралтар не е пример за другите, но се на првото место во Европа каде, благодарение на вакцинацијата, епидемијата е во голема мера надмината. Рестораните се отворени до доцна во ноќта и нема позитивни.

Бидејќи маските повеќе не мора да се носат на отворено, Саманта Сакраменто постојано има чувство дека нешто заборавила кога шета по улиците. „Мислам дека сè уште треба да се опоравиме психолошки, рече министерката за здравство на малата британска област на јужниот рт на Пиринејскиот полуостров.

Забраните се укинати, баровите и рестораните се отворени до два часот по полноќ, како и пред пандемијата. Шпанските телевизии го обиколуваат Гибралтар и разговараат со луѓе кои се чувствуваат олеснети.

  • Можеби наскоро можеме да живееме како порано, вели една келнерка.

Сосема е спротивно од остатокот од Европа, каде што мерките се засилуваат поради зголемениот број на инфекции.

Од друга страна, Гибралтар со 34.000 жители го имаше врвот на пандемијата на почетокот на јануари со 172 нови инфекции на ден. Во малата британска прекуокеанска област, смртта на 94 лица е препижана навирусот.

Тие исто така ги вакцинираат Шпанците
Во последните неколку дена, одделот за COVID во локалната болница „St. Bernard“ е празен. Нема позитивни.

Тоа се должи не само за острите мерки претходно, туку и за скоро целосната вакцинација. Освен жителите, вакцинирани се и повеќето десетици илјади луѓе кои живеат во Шпанија, но работат во Гибралтар и патуваат секој ден. Во Андалузија, соседниот шпански регион, состојбата со корона и вакцинација не е воопшто розова.
Вакцинацијата во Гибралтар, со вакцина доставена од Велика Британија, не е голем логистички предизвик – целата земја зафаќа 6,5 квадратни километри.

Скоро сите биле вакцинирани веднаш – само три проценти од луѓето одбиле вакцинација. Во оваа област веќе функционира еден вид COVID пасош, односно лични карти со кои луѓето потврдуваат дека биле вакцинирани.

Сепак, не е сè исто како порано. Администрацијата на Гибралтар игра со претпазливост, па маските сепак треба да се носат во продавниците. Неодамна се одржа боксерски натпревар со 500 гледачи, кој можеше да го гледаат во живо само целосно вакцинираните. Дури и пред тоа, тие беа тестирани со брз корона тест.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести