Маскирани демонстранти палеле автомобили и фрлале молотови коктели кон полициските возила за време на протестот минатиот викенд во Белфаст. Тие се спротивставуваат на трговските бариери што се воведени меѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија, кои се појавија како резултат на Брегзит.
Немирите се случија во делови од градот каде живеат приврзаници на унијата со Велика Британија, а локалните медиуми јавуваат дека на протестите учествувале и деца на возраст од 12 до 18 години.
Molotov Sets Protester on fire in Northern Ireland – pic.twitter.com/KTvhgQDnxC
— Tony (@Mrtdogg) April 5, 2021
Полицијата соопшти дека кон полицајците биле фрлани молотови коктели и камења на патот Дангивен, каде демонстрантите исто така поставија блокади, пренесува „Irish Times“.
Безредија беа забележани во многу делови на Белфаст, а синоќа беа фрлени 50 молотови коктели кон полицијата во Њутаунеби, кои полицијата ги окарактеризира како „оркестриран напад“.
These are not anti-lockdown protest in Belfast, Northern Ireland. They're loyalist youths angry over post-Brexit trading arrangements and a controversy over a decision not to prosecute Sinn Fein politicians. pic.twitter.com/diokDSNmyD
— Cuisine Royale (@CuisineRoyale2) April 5, 2021
Повеќе од 30 полицајци беа повредени за време на протестот во петокот, кои беа нападнати со камења и метални шипки.
Северна Ирска е длабоко поделена, дури 23 години по мировниот договор со кој се стави крај на тридеценискиот конфликт.
Католичкиот дел од населението сака да се обедини со Ирска, додека протестантите се за останување во заедничка држава со Велика Британија, која ја напушти Европската унија на крајот на минатата година.
