3.8 C
Skopje
петок, декември 8, 2023

Министерството за здравство информира дека за само 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти

Министерството за здравство информира дека за само 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Оттаму додаваат дека вкупно 699 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не бил примен  нов болен, а 6 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 35 болни.

Вкупно 699 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img