14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ДЕЛЕГИТИМИРАНО ВМРО НА КАРАКАЧАНОВ – НЕ УСПЕА НИТУ ДА ВЛЕЗЕ ВО НАЦИОНАЛНОТО СОБРАНИЕ

ВМРО-БНД не ја преминува границата од 4% за влез во новото Национално собрание. За таа партија, според податоците на бугарската Централна изборна комисија до 9,30 часот гласале 3,55% од граѓаните, со 54,63% на сто обработени протоколи на СИК во РИК.

Партијата на досегашниот бугарски премиер, Бојко Борисов ГЕРБ има 24,88% од гласовите на изборите за 45-то Национално собрание.

Партијата на шоуменот Слави Трифонов „Има таков народ“ освои 18,74%, додека главната опозициски партија БСП заостана многу и собра поддршка од 14,91% од гласовите.

„Демократска Бугарија“ цврсто ја престигна ДПС и собра 10,53%, додека ДПС освои 8,99% од гласовите. „Исправи се. Мутри надвор“ собра 4,98% од гласовите.

Извор: Днес.бг

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести