5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Јакимовски за „Трезор“: Бараа да сведочам против обвинетите, а кога одбив и мене ме обвинија!

Наместо обвинителството да докаже дека сум виновен, се базира на претпоставени, замислени и наводни теории кои во ниту еден момент не ги поткрепи со материјален и вербален доказ, рече Јакимовски.

Воопшто не постои релевантен доказ кој ќе ја докаже мојата вина во овој случај, рече денеска Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во завршните зборови за случајот „Трезор“.

– Сакам да нагласам дека во овој случај јас бев најпрво повикан како сведок. Иако при давањето на својот исказ во обвинителстворо во летото 2017 година за прв пат се запознав со деталите на овој процес на набавка, обвинителите пробаа да ми наметнат дека треба да бидам сведок и да сведочам против денес обвинетите, а по моето одбивање ми запретија дека во тој случај и јас ќе бидам обвинет – рече Јакимовски денеска во судот.Можеби ќе ве интересира

Тој денеска во судот ги образложи, како што рече, сите недостатоци на ова обвинение.

– Имајќи го предвид фактот дека обвинителниот акт, а од пред 15 дена и прецизираниот обвинителен акт, бил составен без очигледна економска анализа и стручно вештачење, значи дека наводите во него се базирани врз произволни, тендециозни теории, со паушални економски параметри. Сепак, како и сѐ друго во оваа постапка наместо обвинителството да докаже дека сум виновен, се базира на претпоставени, замислени и наводни теории кои во ниту еден момент не ги поткрепи со материјален и вербален доказ – рече Јакимовски.

Plusinfo.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести