10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ЧЕТВРТ БРАН – НОВ СОЈ КОРОНА

Јапонските здравствени власти соопштија дека различни видови на коронавирус го предизвикуваат четвртиот бран на пандемијата.

Мутираниот вид на COVID-19, првпат откриен во Велика Британија, се појави во регионот Осака, се шири побрзо и ги полни болничките легла со посериозни случаи на инфекција во споредба со оригиналната варијанта на вирусот, рече владиниот советник за пандемијата Коџи Вада, пренесува Ројтерс.

  • Четвртиот бран ќе биде поголем. Треба да започнеме дискусии за насочени мерки за областа Токио, рече Вада, професор на Меѓународниот универзитет за здравство и социјална помош во Токио.

Новите соеви на вирусот се чини дека се позаразни и поотпорни на вакцините, кои сè уште не се достапни низ цела Јапонија.

Ситуацијата е најтешка во Осака, каде бројот на новозаболени минатата недела достигна нов рекорд, поради што регионалната влада минатиот понеделник ги продолжи мерките за заклучување за уште еден месец.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести