10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ПАНОВСКИ: Според мене АстраЗенека е најбезбедна, најмногу знаеме за таа вакцина

Од вакцините коишто ги има кај нас најмногу податоци за безбедност има за АстраЗенека и според мене е најбезбедна, бидејќи најмногу знаеме за неа, вели микробиолгот д-р Никола Пановски по секојдневните вести во светските, но и нашите медиуми за појава на тромбоза и смртни случаи по примањето на оваа оксфордска вакцина.

– За жал, во јавноста најмногу и веруваат на кинеската вакцина за која ништо не знаеме, потоа доаѓа Спутник за која нешто знаеме, па потоа доаѓа АстраЗенека. Мене ми е нелогично за другите вакцини да не се зборува. Ако сте вакцинирале денеска 3 милиони луѓе, веројатно, на некој од тие 3 милиони му дошол судниот ден и без да го боцнат да добие тромбоза или да умре. И кога тоа е мерено на 100 илјади, да речеме кај Фајзер е еден кома нешто, а кај АстраЗенека е еден процент (смртни случаи по примена вакцина). Но, таа смртност на еден на 100 илјади е иста и кај невакцинирани, така треба да се спореди и тромбозата. Што, кај Фајзер и Спутник нема тромбоза, зошто би немало кај Спутник кога и таа е направена со аденовирус исто како и АстраЗенека, изјави Пановски во гостувањето на Сител.

Тој изнесе и свое мислење дека ова што се случува со оваа вакцина која е најевтина и единствена направена без профит, е опомена никој да не се осмели во фармацевтската индустрија да не работи без профит.

-Мислам дека тука, еве ќе кажам можеби тешки зборови, иако не можам да тврдам, дека ова е последна опомена до секој, да не се осмели да работи во фармацевтската идустрија без профит. Тоа испадна дека е казниво дело. Во фармацевската индустрија е прво заработка, па после пациентот. Тоа лично сум го видел како директор на Фондот за здравствено осигурување. Кога сме преговарале да купиме некој лек кој чини милион евра годишно, а им треба на две дечиња кои имаат седум, а со него би живееле 70 години, ако не ќе умрат во тешки маки, нема тука сентименталност, тие така работат, вели Пановски.

Микробиологот не ја поддржува одлуката на Владата со АстраЗенека да не се вакцинираат лица под 60 години, но вели дека тоа е веројатно поради случајот со 28-годишната девојка која прими ваква вакцина во Србија и потоа доби тромбоза. Забележува еден парадокс, дека нашата НАТО армија ќе се вакцинира со руска вакцина Спутник. За да ја долови ефикасноста на вакцините спореди дека вчера Велика Британија и Македонија имаа ист број на починати лица, земји кои се далеку во бројот на жители, но и далеку во бројот на вакцини.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести