14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ПОТРЕС НА ЕСТРАДАТА! ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ОТКРИ КОЈ ПЕЈАЧ Е НЕЈЗИНАТА НЕОСТВАРЕНА ЉУБОВ: Му пријдов и застанав пред пешкирот на кој лежеше…

Откако се појави на јавната сцена беше единствена и своја, некој кој диктира трендови. Нејзината специфична боја на гласот веднаш ја оддели од другите колеги на естрадата. Со нејзиното однесување, изјави и изведби таа го оправда прекарот “Мала од скандала”, прекар кој го доби врз основа на стиховите од песната “Слатка мала”, снимена во 2005 година. Таа важи за некој кој „нема влакна на јазикот“, поради што честопати е во конфликт со околината.

Но, дури и денес, слатко знае да се насмее на сеќавањето, дека единствената невозвратена љубов во младоста и бил фолк пејачот Жељко Шашиќ, на кој тогаш во една прилика му пришла на плажа во Будва и „мртва ладна“ му соопштила дека таа еден ден ќе биде поголема ѕвезда од него.

„Тогаш тој беше голема ѕвезда, имаше долги локни. Сите девојки, особено оние од Земун, беа изгорени по него, вклучувајќи ме и мене. Се сеќавам, тоа беше на плажа во Будва со 50 негови женски фанови и не сакаше да ми каже ниту “Здраво!”. Му пријдов и застанав пред пешкирот на кој лежеше задскривајќи му го сонцето и му реков: “Јас ќе биде поголема ѕвезда од тебе!” – изјавила Јеленаза една телевизија пред седум години.

„Верувам дека оваа приказна му е многу смешна, а и мене, денес. Жељко е прекрасен човек, но мојот вкус драстично се промени оттогаш кога имав само четиринаесет години. Сите мои детски љубови беа убави. Секоја од нив ми беше возвратена, освен онаа на тогаш младиот пејач Сашиќ, кој беше многу постар од мене и се разбира, дете како мене не го интересираше. Тука го доживеав првото љубовно разочарување, но затоа ја научив лекцијата дека за љубовта треба да се бориш“ – ќе рече Јелена многу години подоцна.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести