14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Еве како ќе изгледа првиот град на Марс (ВИДЕО)

Архитектонското студио ABIBOO, кое има канцеларии ширум светот, ги претстави плановите zа првата населба на Марс, каде што еден од петте градови што се планира да се гради на Црвената планета ќе биде главниот град Nüwa City, каде што ќе можат да живеат 250.000 луѓе.

Изградбата е планирана по карпа во Tempe Mensа на Марс и ќе се гради вертикално, наместо хоризонтално, во внатрешноста на карпата, со цел да се намали ефектот на атмосферскиот притисок и зрачењето, што е смртоносно за луѓето. Градот би ги имал сите основни карактеристики како градови на Земјата, вклучувајќи канцеларии, станови, па дури и зелени површини. Дизајнот на просторот се заснова на научно истражување на „Sonet Network и на Друштвото „Mars“.

Студио ABIBOO исто така го претстави изгледот на ентериерот на просториите, а карпите ќе му овозможат на секој иден жител да живее во посебни простории, но и да има пристап до другите делови на градот наменети за земјоделско и енергетско производство.

Жителите исто така ќе можат да се занимаваат со сточарство бидејќи целта на овој проект е да се изгради самоодржлива цивилизација на површината на Марс што може да преживее без постојан транспорт на храна од Земјата.

Алфредо Муњоз, основач на ABIBOO, за EuroNews изјави дека е потребно да се спроведат голем број анализи за да се разбере кои предизвици ги очекуваат на Марс.

  • Ние мора да се соочиме со предизвиците поставени од Марс, а еден од нив е гравитацијата, која е за две третини помала отколку на Земјата. За среќа, сепак, на Марс има јаглерод диоксид и вода. Водата е голема предност и ќе ни овозможи да го имаме потребниот материјал за градба. Со помош на вода и јаглерод диоксид, ќе создадеме јаглерод, а со тоа и челик. Во суштина, ABIBOO планира да користи само материјали од Марс во конструкцијата, наведува Муњоз.

Луѓето кои би сакале да се населат во овој град на Марс, сепак ќе мора да им го препуштат на идните генерации, бидејќи изградбата не се очекува да започне до 2054 година. Потегот најверојатно ќе се случи во 2100 година, што е во согласност со она што го објави Илон Маск, дека тоа нема да се случи во текот на неговиот живот.

Во иднина, првиот град на Марс ќе може да прими околу 250.000 луѓе, а неговото име доаѓа од митолошката кинеска божица Nüwa , која е заштитник на луѓето.

Што се однесува до рекреацијата, луѓето ќе можат да ги практикуваат истите активности како на Земјата. Од спорт до кампување. Доаѓањето од Земјата на Марс ќе биде незгодно, но не и невозможно.

Чартер-ракетите за превоз ќе се движат на секои 26 месеци и секое патување ќе трае од еден до три месеци. Цената на билетот во еден правец за оние кои би сакале да се преселат на Марс ќе биде околу 300.000 долари, но не мора да значи дека тоа нема да се промени до 2100 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести