9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Мицкоски го шири фронтот против Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера информираше дека централен настан во работниот ден му била средбата со Гојко и Мане Јаковлески.
Среде пандемија и низа отворени политички прашања, единствен важен настан од неговата агенда кој беше објавен со фотографија на неговиот фејсбук профил беше состанокот во неговиот кабинет.
„Со браќата Гојко и Мане Јаковлевски. За основањето, историјата и иднината, за борба за идеите на ВМРО и за нашата Македонија.“ напиша Мицкоски на својот профил.

Пред неполни четири години, токму Гојко Јаковлески јавно го обвини тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека бил криминалец и одбивал да му подаде рака на Зоран Заев, па затоа побара од него да ја напушти партијата.
„Мислам дека Груевски и луѓето околу него не сакаат да ја предадат власт плашејќи се дека може да завршат во затвор поради сиот криминал што го имаат направено, а што можевме да слушнеме и од прислушуваните разговори“, изјави во мај 2017 за Фактор 24 Јаковлевски.

Тоа не беше прв напад на еден од браќата Јаковлески врз Никола Груевски. Претходно, во октомври 2016 година, иако не беа одржани изборите, Гојко Јаковлески побара Груевски да ја напуштел партијата што „тој ја основал“.
„Јас немам против тие да останат на власт уште дополнителни 7 години ако народот ги сака и ги избира, бидејќи, нели, се вели „каков народ, таква влада“, но да ја променат партијата. Нека ја остават настрана партијата што сме ја основале јас и Богдановски и нека изберат некоја друга партија. Многу ме нервира што ги прават овие погрешни потези бидејќи водат кон пропаст. Да речеме, оваа антиквизација е кич за кој се фрлаат големи пари, кои Македонија ги нема. Јас се гордеам што сум роден во земјата каде што е роден Александар Македонски, ама толку! Ако некој сака да докажува дека во генот имаме некое античко наследство, тоа е смешно и контрапродуктивно. Не може да се прави од античката историја дневна политика.“ изјави тогаш Јаковлески за Фокус.

Средбата на Мицкоски наиде на многу негативни коментари кои потоа првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ги бришеше.
„Христијан, дали знаеш кога браќава дојдоа во Македонија за да ги претставуваш како основачи на партијата? Дали знаеш како олимписко село стана за безпари сопственост на мане Јаковлески, а по некоја година за 10 000 000 евра го продаде? Дали ги имаш досиејата на браќава на увид за да се увериш со какви удбаши си фатил работа и ги претставуваш за основачи на партијата?“
„Овие се удбаши, не се основачи“
„Удба је ваша судба…“
„Профитери“.
Ова се само дел од коментарите кои се бришеа од профилот на Мицкоски.

Во октомври лани, Мицкоски ги зближи ставовите со Јове Кекеновски и го промовираше преминувањето на Фродем во ВМРО-ДПМНЕ како окрупнување на опозицијата.
Веднаш потоа, лидерот на ФРОДЕМ, го поздрави новиот предмет “Плацеви на Водно” против поранешниот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и испрати порака на Фејсбук.
“Големите” вмровци молчеа кога овој човек нареди нестатурано да ме исклучат од партијата , затоа што го критикував и јавно ја кажував вистината. Се ќе си дојде на свое место, а многумина од нив ќе се срамат, ако воопшто имаат срам. Замислете кого бранеле, на чија страна биле и кој им бил идол?! ” напиша тогаш Кекеновски за предметот за кој и сега имаше претреси во домот на Груевски.
Мицкоски и самиот го нарече Груевски „бегалец“ и побара бегалците да одговарале, а како услов за соработка од албанските партии му беше поставено откажувањето од неговиот претходник.
Медиа.мк веќе пишуваше на овие теми


Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести