11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Исповед на 25 годишна девојка од Скопје: Дома имаме куќна помошничка, заработуваме илјадници евра, но луѓето тврдат дека сум спонсоруша

Анонимна исповед на девојка од Македонија.

Мојот дечко многу добро заработува и ни обезбедува прилично удобен живот. Јас работам во фирма во која (како и поголемиот дел) имам надпросечна македонска плата.

Меѓутоа, сепак не сакам да зборувам со своите колешки и другарки за својот живот, бидејќи веднаш чувствувам љубомора и ми станува непријатно. Кога некогаш при разговор ќе ми се испушти каде на пример сме го поминале викендот или дека имам куќна помошничка, веднаш чувствувам дека ме гледаат како спонсоруша.

Луѓето многу лесно осудуваат кога некој има и живее убаво, а немаат поим што се сме направиле за да дојде до тоа. Ниту нас тоа не ни падна од небо.

Кога го запознав мојот дечко, тој во својата работа беше никој и ништо. Тоа беше времиња кога живеевме само од мојата (тогаш почетна) плата.

Кога ја основаше фирмата, вложивме и ја ризикувавме целата заштета и последното евро кое го имавме, не спиевме со ноќи, работевме и за викенд и во вечерните часови додека не тргна работата како што треба.

Сето тоа го поминавме заедно, а сега, испаѓам спонзоруша затоа што уживам во тоа што тој го стекна со моја поддршка.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести