2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Д-р Здравковиќ: Младите болни од Ковид-19 за половина час завршуваат на респиратор, изненадно ни умираат од тромбоза!

Професор доктор Марија Здравковиќ од Хрватска вели дека здравствената состојба на пациентите кои се лекуваат од Ковид-19 многу брзо се менува.

Таа и објаснува дека бремените жени се особено чуствителна категорија кога станува збор за битката со коронавирусот.

-Колку повеќе напредува бременоста, толку е помал капацитетот на белите дробови. Не требда се заборави дека мајката дише за себе и за бебето и дека оттаму коронавирусот прави дополнително оптоварување на срцето и белите дробови, вели д-р Здравковиќ.

Таа и додава дека лицата кои имаа срцева состојба се категоријата која најлошо поминува кога е короната во прашање.

-За жал многу млади луѓе умираат од компликации со коронавирусот. Појавата на тромбови кај младите е многу честа, и покрај фактот дека им даваме силна терапија. Очигледно не им помага на сите бидејќи имаме многу млади луѓе кои умираат од тромб, додава таа за ТВ Прва.

Впрочем, според неа бројката на млади луѓе на возраст од 25 до 30 години со тешка клиничка слика е огромна. Тие бараат постојана кислородна поддршка и мониторинг на секој половина час.

-Кога станува збор за овој вирус, се се случува многу брзо. Се побројни се случаевите кога еден пациент е добро, а за 30тина минути е веќе на респиратор, додава таа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести