6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Времето во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални умерени до повремено поројни врнежи од дожд и особено долж Повардарието појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се движи од 0 до 6, а максималната од 17 до 22 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен умерен до пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер. Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер, над 60 километри на час, а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести