3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

242 санкции во Скопје, 42 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 242 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42, 23 санкции за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, 15 за некористење сигурносен појас, 14 за непрописно престројување, девет за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 59 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести