5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ЕЛЕГАНЦИЈА ВО ДВИЖЕЊЕ: Софија Вергара уловена од папараците, доминира на улиците во Лос Анџелес (фото)

Колумбиската актерка Софија Вергара (48) била фотографирана на улиците во Лос Анџелес во ефектно пролетно издание.

Ѕвездата од серијата „Modern Family“ носела женствен фустан во ретро стил со должина до колена украсен со панделка во пределот на деколтето.

Станува збор за модел кој што има и принт со точки кои што никогаш не излегуваат од мода.

Преубавата Колумбијка овој фустан го искомбинирала со своите омилени сандали на платформа.

Косата, како и вообичаено ѝ била стилизирана во бујни локни, а ова дамско издание го „зачинила“ со моќна кожна чанта со потпис на престижната италијанска модна куќа „Долче и Габана“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести