7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СВЕТОТ ВО ШОК: Мајката на Ејми Вајнхаус ќе ја открие вистината.. (фото)

Мајката на Ејми Вајнхаус одлучи да ги открие сите детали од нејзиниот живот: „Светот не ја познаваше вистинската верзија од Ејми“

Во документарниот филм насловен „Amy Winehouse: 10 Years On“, мајката на Ејми Вајнхус, Џенис истакнува дека светот не ја познавал вистинската верзија, па поради тоа одлучила да ги открие сите детали од животот на нејзината ќерка кои што јавноста досега не ги знаела.

Пејачката Ејми Вајнхаус имаше само 27 години кога во 2011 година трагично почина како последица на труење од алкохол, а нејзината мајка Џенис годинава за првпат одлучи да ја раскаже целата приказна за неа во новиот документарец кој ќе се снима.

Џенис истакнува дека светот не ја познавал вистинската верзија на Ејми поради што се одлучила на ваков чекор. Мајката на Ејми боледува од мултипла склероза, а приказната ќе ја раскаже со помош на членови од семејството.

Некои спомени поради болеста не ги памети најдобро, а токму тоа ѝ била најголемата мотивација за снимањето на документарецот со „BBC“.

Во филмот ќе бидат прикажани досега невидени семејни снимки и архивски снимки од британските телевизии. Разведените родители на познатата пејачка по нејзината смрт основаа фондација.

Со оглед на тоа што Ејми пред смртта не оставила никаков тестамент, нејзиното богатство од 5,3 милиони долари го наследиле нејзините родители.

Нејзиниот поранешен сопруг, актерот Блејк Филдер-Цивил (38) од кој што се развела во 2009 година, не добил ништо.

Но, незадоволниот Блејк одлучил осум години по нејзината смрт да го побара својот дел од 1,8 милиони долари. Имено, тој истакнал дека има право на тоа поради тоа што Ејми ги напишала едни од своите најголеми хитови додека парот бил заедно.

Ова негово барање го шокирало семејството на починатата пејачка, а многумина сметаат дека тој нема право на тоа поради тоа што нивната врска била турбулентна, а вестите за нивниот однос често беа вознемирувачки.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести