11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ЗАФИР ХАЏИМАНОВ ЌЕ ПОЧИВА ВО АЛЕЈАТА НА ЗАСЛУЖНИ ГРАЃАНИ: Кога ќе заврши пандемијата, ќе го испратиме како што заслужува..

Музичката легенда Зафир Хаџиманов ќе биде погребан во среда, на седми април на Новите гробишта во Белград, информира неговиот син Васил.

Неговата урна ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани.

-Кога ќе помине оваа грозна пандемија ќе направиме испраќање, какво што му доликува, и какво што заслужи Зафир.

Ќе го испратиме со песна и насмевка. Баш така како што би сакал и како што живееше цел живот –порача Васил, заблагодарувајќи се на поддршката од јавноста.

Како потсетување, Зафир ја изгуби битката со корона вирусот на своја 77 годишна возраст. Неколку години наназад беше со нарушено здравје, и во повеќе наврати изјавуваше дека има хронични проблеми со срцето.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести