14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Овен

Посоветувајте се со лице кое ви е блиско. Со партнерот конечно ќе успеете да воспоставите мир и хармонија. Премногу сакате, потребно е трпение. Одлична здравстена ситуација, добро се чувствувате.

Бик

Ве очекуваат позитивни вести од претпоставениот. Можно е напредување. На вас ви е многу важно мислењето на околината. Со партнерот се можни сериозни проблеми и раскинување на љубовната врска. Ви се препорачува да побарате помош од вашиот доктор.

Близнаци

Најголемата поддршка на работа ви ја даваат претпоставените. Стабилната ситуација на материјален план ќе потрае. Можни се ненадејни и неочекувани судири со партнерот предизвикани од љубомора. Ги занемарувате здравствените проблеми.

Рак 

Малку сте мрзливи и безволни, поради што ќе се чувствувате многу лошо. Чувајте се од можни сплетки и местенки. Ве очекува поддршка од блиско лице со кое може да дојдете до меѓусебни симпатии. Можна е главоболка.

Лав 

Малку наивно комуницирате со околината. Сепак сметате на помош од едно лице од деловната околина кое ќе ви помогне да ја поправите финансиската ситуација. Емотивно лошо се чувствувате. Здравствената ситуација ви е значително подобрена.

Девица

Успехот на работа ви е загарантиран. Можни се долгорочни работи и добра заработка. Ве очекува сигурен успех. Партнерот очекува во нешто да го поддржите. Поведете сметка за начинот на исхрана, можна е појава на дебелина.

Вага

Ве очекува голема помош од лице кое не ви е блиско. Големи се можностите за напредување, што на вас ви е многу важно. Можна е емотивна врска со лице родено во знакот на Рак. Задоволни сте со односот со партнерот. Ве оптеретува заморот.

Скорпија

Ве исполнува фактот дека ја работите работата во која уживате. Покрај добивката, може да се случи и некое патување поврзано со долгорочните деловни договори. Одлучете се за еден партнер. Намалете со јадењето на многу калорични намирници.

Стрелец 

Не е момент да започнете нова работа. Парите ќе ги заработувате со тимска работа и преку партнерски односи. Можна е емотивна врска со лицето во вашето деловно опкружување, кое извесно време ви се додворува. Добро се чувствувате.

Јарец

Ќе успеете да ја поправите финансиската ситуација. Одличен момент за работа и заработка, но и за подобрување на односите со другите лица. Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате пријатно изненадување од партнерот. Чувајте се од настинки.

Водолија

Делувате малку мрзеливо, што може да ви предизвика проблеми. Заработката не ви е на завидно ниво, но тоа ќе се промени во блиска иднина. Избегнувајте судири во односот со партнерот. Посебно ви се осетливи белите дробови.

Риби 

Со успех ќе ги завршите сите работи. Немојте да бидете премногу скептични и рамнодушни кон новите деловни понуди. Сметајте на наклонетост на партнерот, а тоа многу ќе ви одговара. Здравствената ситуација е оптеретена со болки во вратниот дел од грбот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести