21.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

МВР ГИ ОБЈАВИ ПОТЕРНИЦИТЕ – ОВА СЕ ШЕСТМИНАТА НАРКОБОСОВИ ОД ГРЧЕЦ И ГАЗИ БАБА (фото)

МВР ги објави меѓународните потерници по наркобосовите што се осомничени во истрагата за предметот „Планина“.

Петмина од избеганите се од Грчец, а еден од нив е од Гази Баба. По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Бајрами Седат, од т. Абдиљ, м. Фазиле, роден 10.7.1989 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 5 бр. 18. Зендели Егзон, од т. Муамер, м. Зумрије, роден 10.9.2000 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 5 бр. 21. Љатифи Бесир, од т. Вазул, м. Назире, роден 30.9.1991 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 6 бр. 4. Љатифи Сенад, од т. Вазул, м. Назире, роден 14.7.1994 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 6 бр. 4. Муареми Иљаз, од т. Беџет, м. Фекрие, роден 1.9.1978 година во Скопје, а живее во с. Грчец – Скопје, на ул. 5  бр.3. Рогачи Исмаил, од т. Насер, м. Мируше, роден 8.3.1993 година во Скопје, каде што и живее на улицата Ордан Чопела бр. 75-а“, се имињата на наркобосовите по кои се трага, објавени на страницата на МВР. Дека се бараат со потерница, известен е и Интерпол.

Наркобосовите избегаа, а за акцијата, обвинителката рече дека била пробиена. Тие успеале со себе да ја понесат и дрогата, а во моментот на спроведување на акцијата локациите каде што се чувала биле исчистени. Во акцијата не се запленија ниту најлуксузните возила што ги поседуваат водачите на групите, а пронајдени се само клучевите од нив.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести