7.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 77 нови пациенти поради компликации од корона вирусот

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 77 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 654 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 44 приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 1 нов болен, а 3 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 75 оздравени пациенти.Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 304 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.Вкупно 654 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 86 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести