10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ХОРОР: Кинез скокна во печка откако ги загуби парите на берза (вознемирувачко видео)

Ванг Лонг, 33-годишен работник, работел во државната Baotou Steel во Внатрешна Монголија повеќе од една деценија, пред да исчезне за време на ноќната смена на 24 март.

Работник во фабрика за челик во Кина скокнал во висока печка и починал откако изгубил 9.100 долари во трговија со акции, изјави неговиот работодавач.

Ванг Лонг, 33-годишен работник, работел во државната Baotou Steel во Внатрешна Монголија повеќе од една деценија, пред да исчезне за време на ноќната смена на 24 март.

Снимката за надзор објавена на кинеските социјални медиуми покажува дека Ванг ги фрла кацигата и ракавиците во лонец со стопени метали и минерали пред самиот да скокне во садот. Температурите во внатрешноста на печката можат да достигнат над 1.500 степени Целзиусови.

Смртта на работникот оваа недела предизвика шок и тага на социјалните мрежи. Во изјавата во вторникот, Baotou Steel рече дека Ванг е долгогодишен инвеститор во акции и дека неговата смрт може да биде поврзана со неговите загуби во трговијата.

Ванг изгубил над 60.000 јуани (9.100 долари) од инвестицијата на денот на неговата смрт, соопшти компанијата. „Се сомнева дека неговото самоубиство било поврзано со големата загуба и дека не можел да ги врати своите големи долгови“, се вели во соопштението.

Многу малопродажни инвеститори во Кина ги гледаат нестабилните берзи во земјата како казино каде што можат брзо да стекнат богатство. Но, турбуленцијата понекогаш им нанесува катастрофални загуби на трговците-аматери.

Livnica

Иако раното закрепнување на Кина од епидемијата на корона вирусот придонесе за раст на берзата во 2020 година, кинеските акции се намалија во последните неколку недели, поради загриженоста за прекин на стимулациите за пандемијата и ескалацијата на геополитичките тензии меѓу Кина и западните земји.

На 24 март, денот кога Ванг почина, референтните индекси на Кина паднаа на најниско ниво во последните три месеци.

Според извештајот на Bloomberg, некои инвеститори се собраа на кинескиот пазар за користени автомобили овој месец, обидувајќи се да продадат часовници, свршенички прстени и конзоли за игри на Nintendo Switch за да ги надоместат загубите од инвестициите во нивните фондови.

https://www.youtube.com/watch?v=eGbzby8hbnQ&feature=emb_title&ab_channel=%E5%B7%9D%E6%99%AE-%E7%8E%8B%E8%80%85%E5%BD%92%E6%9D%A5

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести