3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Синот на Жерновски со автомобил се забил во кафеана кај Влада

Синот на поранешниот градоначалник на општина Центар и заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, бил дел од сообраќајна несреќа во која со автомобил се забил во кафеана во близина на Владата, објаво новинарката Јорданка Ивановска.

Како што вели новинарката, Жерновски потврдил дека неговиот син бил во возилото и дека нема повредени. Синот во возилото бил со другар, а според Жерновски, синот брзал да стигне дома пред почнувањето на полицискиот час.

Според изјави на очевидци кои живеат во околина на Влада, брзината била толку голема што се отвориле воздушните перничиња на возилото, а предницата на автомобилот била уништена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести