14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ПОСЛЕ 14 ГОДИНИ БЕГСТВО, УАПСЕН ШЕФОТ НА МАФИЈАТА НДРАНГЕТА – Важат за една од најопасните криминални организации во светот (видео)

„Шефот“ на калабриската мафија, Франческо Пеле (43) е уапсен денес во Лисабон по 14-годишна полициска потрага.

Полицијата го уапси Пеле во клиниката во Лисабон каде се лекувал од COVID-19.
Во извештајот на италијанската агенција се наведува дека Пеле, шефот на моќната калабриска Ндрангета, која ја контролира трговијата со кокаин во Европа, бега од полицијата уште од 2007 година.

Тој беше осуден на доживотен затвор затоа што го нарача масакрот на Бадник 2006 година, во кој беше убиена сопругата на ривалот на мафијата, Џовани Лука Нирта.

Така, Пеле започна циклус на крвна одмазда, кој кулминираше со масакрот во германскиот град Дуизбург во август 2007 година, кога беа убиени шест лица.

Поради повредите здобиени во заседа во 2006 година, Пеле остана „ограничен“ на инвалидска количка, а исчезна во 2007 година додека чекаше Врховниот суд во Милано да му ја потврди доживотната казна затвор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести