6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ШОК: ПОПУЛАРНИОТ ТУРСКИ АКТЕР ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ СОПРУГАТА

Ѕвездата на сериите „Истанбулска невеста“ и „Судбина“, Озџан Дениз, може да заврши во затвор за насилство врз неговата поранешна сопруга Фејза Актан, која е 20 години помлада.

Според турските медиуми, истрагата за случајот е завршена и обвинителството покренало тужба против Озџан, барајќи затворска казна од минимум шест месеци до максимум година и пол за насилство врз манекенката.

Фејза рекла дека актерот ја тепал неколку пати, а прв пат тоа се случило пред три години во нивната куќа во областа Саријер. Таа открила дека третиот насилен инцидент се случил додека биле во Германија. Според турските медиуми, пред судот сведочеле дадилката на синот на поранешните сопружници, семеен пријател и сестрата на Фејза.

Озџан рекол дека обвинувањата на неговата поранешна сопруга не биле вистинити и тој не ги прифатил. Манекенката како доказ ги доставила наодите од болницата од јуни 2019. година, на кои пишува дека е полесно повредена.

Инаку, Денис и Актан се разведоа по 15. месеци брак а тие го имаат синот Кузеи, кого го добија во 2018. година.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести