Рускиот претседател Владимир Путин во емисија на ТВ „Russia 1“ откри дека очекувал некои несакани ефекти по вакцинацијата против вирусот корона. Како што рече, тој ставил термометар покрај креветот за секој случај.
Путин вакцината ја прими на 23 март, а сè помина покрај медиумските камери. Не е откриено која од трите руски вакцини ги примил шефот на руската држава.
https://twitter.com/VRSoloviev/status/1375864978570416128
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков тогаш рече дека претседателот се чувствува добро, а самиот Путин најави дека, откако ќе развие антитела, ќе ги прошири агендата и состаноците.
