10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Украина утврди воена стратегија во случај на војна против Русија

Украинскиот претседател неодамна усвои нова воена стратегија со која се открива алгоритмот на дејствијата на Украина во случај на војна со Русија, пренесува украинскиот портал „Strana“.

Според документот, Киев ќе се фокусира на милитаризација на целото население при „конфронтацијата“ со Русија, а новата доктрина предвидува водење тотална герилска војна.

  • Алгоритмот на наводниот конфликт е интересно опишан. Започнува со одговор на украинската агресија или „закана за воената безбедност. Значи, не се вели директно дека противникот треба да ја наруши државната граница, пишува авторот на написот кој ја анализирал новата доктрина на Киев.

Новинарот наведува дека вооружените сили на Украина во секое време можат да започнат воена операција против територии кои не се под нивна контрола, „и руската армија што е таму“.

Воениот конфликт, се посочува во документот, треба да заврши „со помош на меѓународната заедница под услови што и прилегаат на Украина“.

  • Значи, очигледно, Украина не размислува да постигне воена победа само со своите сили, ироничен е новинарот.

Исто така се претпоставува дека „успехот“ на Киев во конфликтот треба да биде обезбеден со политичка, економска и воена поддршка на меѓународната заедница на Украина во „геополитичката конфронтација со Русија“.

Во исто време, земјата е подготвена да војува во случај на судир меѓу нуклеарните сили, односно во случај на конфликт меѓу главните земји на НАТО и Русија, се наведува во написот.

Москва повеќе пати потенцираше дека нема агресивни намери кон другите земји. Русија не учествува во конфликтот во Украина и се залага за надминување на политичката и економска криза од Киев, посочија тие во Москва.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести