10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

НАЈМЛАДАТА МИЛИЈАРДЕРКА ВО СВЕТОТ ПРОШЕТА ВО ХОЛИВУД И ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ (фото)

Кајли заблеска во целосно бела комбинација од глава до пети во која го истакна своето тело и ги полуди своите фанови.

Американската ријалити ѕвезда и најмладата милијардерка на светот Кајли Џенер (23) е личност која често менува автомобили, боја на коса и стајлинзи, а со новата комбинација таа ги воодушеви своите фанови.

Имено, славната старлета сега блескаше во целосно бела комбинација од глава до пети во кое го истакна своето совршено тело.

Таа во Холивуд е фотографирана додека одела на вечера, а во таа прилика се облекла во склад со светскиот статус на модна икона.

На себе имаше долг бел капут и сандали во иста боја, кои ги истакнуваа нејзините долги и изавајани нозе.

Иначе, Кајли е втората најследена женска личност на Инстаграм со 220 милиони следачи, додека пред неа е само пејачката Аријана Гранде со 225 милиони следачи, но и двете убедливо ги шие познатио фудбалер Кристијано Роналдо со 269 милиони следачи, кој важи за најследената личност на Инстаграм.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести