6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Со порака “Добродошли”, Србија ги пречека сите граѓани од регионот кои пристигнаа во Белград за вакцинација

Со огромна порака “Добродошли” Србија ги пречека илјадниците луѓе кои денес пристигнаа во Белград за да се вакцинираат.

Последните фотографии од белградскиот саем каде овој викенд се спроведува масовна вакцинација на граѓаните од сите земји на поранешна Југославија покажуваат неверојатна заинтересираност за заштита од Ковид-19.

Од фотографиите може да се видат повеќеметарски колони од луѓе кои трпеливо чекаат да им дојде редот за имунизација.

Утринава цели колони возила чекаа за влез во Србија на граничниот премин Табановце. Слична ќе биде сликата и утре, бидејќи огромен број граѓани решија да се вакцинираат, нагласувајќи дека ова е шанса особено поради фактот што кај нас се уште не е започната масовната имунизација.

Освен од Македонија, викендов Србија им посакува добредојде и на граѓаните од Босна, Црна Гора, од Хрватска, од каде се пријавиле дури 8.000 за вакцинација, но има и странци од Холандија, Словачка, па и од Германија.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од новинската агенција Танјуг и Блиц.рс од Белградскиот саем.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести