12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

МИСТЕРИОЗНА ФОТОГРАФИЈА ОСАМНА НА ИНСТАГРАМ ОД ЌЕРКАТА НА ДЕМИ МУР И БРУС ВИЛИС (фото)

Ќерката на некогашниот омилен холивудски пар, Деми Мур (58) и Брус Вилис (66), Талула Вилис (27) повторно се разголи на Инстаграм.

Таа се фотографирала целосно гола во мошне бизарна поза – во фетусна положба лежи на трева, а фотографијата е дел од триделната објава во која што Талула објавила фотографии од својот дом.

А под необичната фотографија објавила уште почуден текст.

„Се збогувам со овие ѕидови, во чија внатрешност процвета љубовта, пријателите станаа семејство, животните доаѓаа и си заминуваа, празен простор и бојажлива иверка во кој се родијa непознати задоволства на дизајнот на ентериерот“, напишала во описот на фотографијата Талула и поставила уште неколку фотографии од домот во Лос Анџелес.

„Бев на најниската точка внатре меѓу овие ѕидови и поставував безгласни прашања од кои се тресам кога ќе се сетам на нив. Ја обвинував куќата и сакав да побегнам. Но, среде сите негови трансформации и моите промени на фризурата, се чувствувам целосна“, продолжила и заклучила дека по бројните трансформации заминува чувствувајќи се целосна.

Како што пишува „Дејли мејл“, Талула веројатно со оваа објава најавила преселба во нов дом со своето момче Дилон Бас.

Инаку, нејзините родители по разводот, кој што се случи пред 20 години, биле во многу лоши односи, но денес се добри пријатели.

Талула и нејзините две постари сестри Скаур и Румер тогаш биле тинејџерки, а своевремено се бореше со зависност поради тешкиот тинејџерски период предизвикан од лошите односи на нејзините родители по нивниот развод.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести