Повеќето жени ќе премолчат и ќе кажат дека љубовта е најважна, но оние кои не сакаат да „замачкуваат очи“ ќе ви признаат дека постојат повеќе причини заради кои би го напуштиле и мажот кој неизмерно го сакаат.
Вие одберете во која група ќе бидете.
Жените кои сакаат среќна врска и среќен живот не ги толерираат следните работи:
- Недостигот на заеднички интереси секако не е добар знак.
- Исто како и недостигот на комуникација и разбирање.
- Ако физичката интимност стане рутина.
- Кога себичноста ќе преовлада.
- Кратко и јасно – несигурност.
- Премногу лаги кои излегуваат на виделина.
- Недостиг на личен простор и време за себе.
- Емотивно студенило или емотивна недостапност.
- Обидот да ја промени жената со која е.
- Недостиг на трпение.
- Споредување со други жени.
- Игнорирање на малите напори да се одржи романтиката и ситните гестови.
