10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

РЕДФИЛД: Верувам дека Ковид “избегал” од лабораторијата во Вухан

Поранешниот директор на американската ЦДЦ, Роберт Редфилд, денеска во изјава за „Си-Ен-Ен“ нагласи дека верува оти коронавирусот „избегал” од Институтот за вирусологија во Вухан и дека тој се шири уште од септември или октомври 2019 година.

Тој додаде дека тоа е само негово „мислење”.

Редфилд ја водеше Агенцијата за јавно здравје на американската влада од времето кога вирусот беше откриен за првпат во Вухан преку целокупниот одговор на администрацијата на Доналд Трамп.

 Сè уште мислам дека најверојатната етиологија на оваа патологија во Вухан е од лабораторија. Избегал. Другите луѓе не веруваат во тоа. Добро е тоа. Науката на крајот најверојатно ќе открие, изјави Редфилд за „Си-Ен-Ен“.

– Не е невообичаено за респираторни патогени на кои се работи во лабораторија да го инфицираат лабораторискиот работник. … Тоа не значи никаква намера. Тоа е мое мислење, нели? Но, јас сум вируолог. Го поминав својот живот во вирусологија, додаде Редклиф.

– Не верувам дека ова некако дојде од лилјак до човек и во тој момент со време кога вирусот дојде кај човекот, стана еден од најинфективните вируси што ги знаеме во човештвото за пренесување од човек на човек, заклучи поранешниот директор на американската ЦДЦ

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести