11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Заглавениот брод со контејнери „Ever Given“ предизвика доцнење на стока во вредност од 9,6 милијарди долари

Заглавениот брод со контејнери „Ever Given“ предизвика доцнење на стока во вредност од 9,6 милијарди долари, блокирајќи го сообраќајот во двата правци на најкраткиот воден пат од Европа до Азија.

Бројката од 9,6 милијарди долари ја дава Al Jazeera, повикувајќи се на податоците на бродскиот осигурител „Loyd“, според кои сообраќајот на запад вреди околу 5,1 милијарди долари на ден, а сообраќајот на исток е приближно 4,5 милијарди долари.

Имено, еден од најголемите бродови со контејнери во светот, долг 400 метри и натоварен со 20.000 контејнери, се насука по песочна бура, со клунот упатен на западниот брег, а задницата свртена кон западниот брег.

Околу 185 пловни објекти чекаат да поминат пред Суец, пишува Блумберг, додека Лојд проценува дека ги има 165.

Се проценува дека комплицираната операција за спасување може да трае дури и неколку недели и да предизвика огромно нарушување во светската трговија и бродови.

Околу 30 проценти од светската испорака преку контејнери дневно поминува низ Суецкиот канал долг 193 километри, со 12 проценти од вкупната трговија на стоки во светот.

Тегначи и копачи досега не успеаја да го поместат заглавениот брод. Раководството на Суецкиот канал привремено го прекина сообраќајот на водниот пат.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести