5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Олимпискиот пламен денес го започна 121-дневното патување кон Токио

Олимпискиот пламен денес го започна 121-дневното патување во Јапонија кон Токио, каде на 23 јули ќе се одржи церемонијата на отворање на одложените Олимписки игри.

Штафетата тргна од Фокушима, област која беше уништена од земјотресот во 2011 година, цунамито и топењето на трите нуклеарни реактори, пренесува Ројтерс.

Првата носителка на факелот беше Азуса Ивашимизу, клучен играч на јапонскиот тим кој го освои Светскиот куп на жени во 2011 година, опкружена со уште 14 члена на тој тим и тренерот. Сите беа облечени во бели тренерки.

Церемонијата беше затворена за јавноста поради страв од ширење на ковид-19, но беше пренесена во живо.

На навивачите им беше кажано да се оддалечат од патот кога поминува факелот, како и да се воздржат од гласното навивање. Организаторите рекоа дека ќе ја запрат или пренасочат штафетата ако метежот стане проблем за време на четиримесечното патување.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести