Медиа.мк ексклузивно дознава дека во тек е голема полициска акција на повеќе локации во Скопје и околината. Големо присуство на полициски единици и претреси има во селото Грчец и во Гази Баба. Според нашите информации во акцијата се вклучени огромен број на специјалци од единицата “Тигар”, како и останати полициски единици.
Според неофицијални информации се работи за акција во која главна цел е сузбивање на сериозна организирана криминална група извршител на повеќе сериозни кривични дела.
Наскоро повеќе информации.