Актерот Орландо Блум и неговата сопруга Кети Пери минатата година станаа родители на Дејзи Дејв, а тој раскажа колку како пар ја чувале интимноста.
Блум неодамна даде интервју за „Guardian“, и отворено го прашаа каков сексуален живот има со Кети. Актерот дури призна дека му недостига сексот, но тој покажува и разбирање, имајќи предвид дека тие се нови родители.
- Немаме доволно секс, но сепак само што добивме бебе, вели Орландо.
Пејачката и нејзиниот сопруг неодамна беа фотографирани на Хаваи, каде ги фатија папараците за време на престојот на плажа со пријателите и наследничката што ја чуваа на смени. Пери како „свежа“ мајка беше фотографирана со вишок килограми, а она што најмногу било забележано е дека парот ужива во семејството.
Да потсетиме, јавноста за бременоста на Кети Пери дозна во нејзиниот спот за песната „Never Worn White“, каде при крајот беше забележан нејзиниот труднички стомак.
