20.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Норвешката премиерка под истрага за роденденска забава

Норвешката полиција денес објави дека започнала со испрашување на премиерката Ерн Солберг во врска со роденденската забава што ја организирала минатиот месец, што може да резултира со парична казна од 10.000 круни (1.165 американски долари) за кршење на прописите за социјално дистанцирање за време на пандемијата COVID-19.

  • Започнавме истрага и дел од тоа е испрашување на премиерот. Презедовме иницијатива и распитот започна, но не беше формално завршен, изјави за Ројтерс полицискиот инспектор Пер Мортен Сендинг.

Полицијата треба да ја затвори истрагата оваа недела, додаде тој.

Премиерката се извини што го прослави својот 60-ти роденден со 13 членови на семејството во планинско одморалиште, и покрај забраната на Владата за настани со повеќе од десет учесници.

  • Планиравме вечера во ресторанот, за кој верувавме дека е во согласност со упатствата во врска со вирусот корона. Тоа беше во ресторан каде резервиравме три одделни маси и каде се држевме на растојание, изјави Солберг пред новинарите.
  • Можам само да се извинам за фактот што не сфативме дека, како што е дефинирано со закон, станува збор за настан, рече премиерката.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести