16.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

Исплатената просечната месечна нето-плата по вработен во јануари 2021 година изнесувала 28.272 денари

Исплатената просечната месечна нето-плата по вработен во јануари 2021 година изнесувала 28.272 денари, што е за 2,7% повисока од истиот месец лани, или зголемување од 732 денари за една година.

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12,4%), Уметност, забава и рекреација (8,4%) и Информации и комуникации (8,3%). 

Според статистика, просечната исплатена нето-плата за јануари е највисока во секторот Информации и комуникации и изнесува 53.928 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за јануари изнесува 42.204 денари.

Владата во консултација со сите чинители во општеството, синдикати, комори, организации на работодавачи, креира амбиент за раст на просечната и на минимална плата.

Посветени сме на реализација на стапките на економски раст и покачување на платите до 30%.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести