23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП

ОВЕН

Во случај да сте приватник, ве очекуваат тешкотии кои ќе оневозможат нормален работен процес, и поради тоа ќе бидете многу загрижени. Задоволен сте од емотивната сфера и посветени сте на партнерот. Дишните органи се чувстсвителни.

БИК

Задоволни сте од работната ситуација. Ве очекува успешен состанок, а работата се одвива според планот. Напнати сте и пробувате да „предизвикате“ караница со партнерот, а тој одбива да го вовлечете во вашата игра. Солидно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Се чувствувате прилично исцрпено како резултат на штотуку завршен проект или соработка. Задоволни сте како врската се развива и инсистирате на интензивен однос. Чувствителни уринарни канали и можна е инфекција.

РАК

На прилично самоуверен и амбициозен начин започнувате нов проект. Имате големи очекувања и убедени сте дека ќе ги остварите. Емотивно сте незадоволни и размислувате за прекин на врската. Солидно здравје.

ЛАВ

Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Иако во целост сте посветени на обврските, резултатите се далеку од очекуваните. Ви пречи нерасположението на брачниот партнер. Сметате дека треба да се фокусира на убави работи, а не на ложи. Расположението е во пад.

ДЕВИЦА

Ве мачи чувството на неуспех. Сте вложиле многу труд во работата и резултатите се слаби. Имате полна поддршка од брачниот партнер, но и покрај тоа не успева да ви ја врати самодовербата. Не сте расположени.

ВАГА

Ситуацијата е регуларна без никакви значајни случувања. Не сте задоволни од врската. Разговорот со партнерот околу проблемите не поминува најдобро и имате впечаток дека не ве разбира. Дишните органи се чувствителни.

ШКОРПИЈА

Имате многу обврски, но наместо да се организирате, се обидувате да ги одработите одеднаш. Задоволни сте како врската напредува. Дишните органи се чувствителни.

СТРЕЛЕЦ

Уживате во работните обврски. На почеток сте на нов проект и целосно сте уверени во неговиот успех. Непријатни сте кон саканата личност. Другата страна се надева дека во прашање е минлива фаза. Солидно здравје.

ЈАРЕЦ

Ако сте приватник, тогаш областа е лошо прикажана. Не сте задоволни од резултатите на вработените и барате заеднички јазик со нив. Влегувате во нова врска и имате многу силни очекувања. Се посветувате на саканата личност во целост. Не сте опуштени.

ВОДОЛИЈА

Некои стари работи прават проблеми и се обидувате да ги заборавите. Не сте во целост задоволни од бракот, а брачниот партнер тоа не го забележува и смета дека се е во најдобар ред. Чувствителен стомак.

РИБИ

Во целост сте фокусирани на работните обврски. Одговорни сте, полни со самодоверба, сите обврски ги одработувате без проблем. Ви пречи што емотивниот партнер е ладен, па не се чувствувате добро во врска. Можна повреда на раката или ногата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести