21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Бочварски: Годинава ќе се реконструира патот од Охрид до Ресен преку Галичица

Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесеме за развој на туризмот во овој регион.  Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ресен. 

На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој. 

Министерот истакна дека во општина Ресен преку Министерството за транспорт и врски во завршна фаза е реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје, проект вреден преку 42 милиони денари. Тој најави нови инфраструктурни проекти. 

“ Инфраструктурата во Преспанскиот регион е многу значајна и затоа ние како Влада посветуваме големо внимание. Во тек е проектирање на обиколница околу Ресен, многу значаен проект со кој ќе помогнеме околу сообраќајот низ градот. Очекувањата се дека оваа година ќе заврши проектирањето и веднаш ќе го ставиме проектот во програмите на ЈП за државни патишта. Уште еден значаен проект е гасификацијата. Оваа година завршува изградбата на магистралниот гасовод до Битола и потоа веднаш започнуваме со проектирање на крак од Битола до Охрид со што жителите на општина Ресен ќе може да се врзат на овој крак од гасоводот, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. 

И во услови на ковид криза, општина Ресен заврши многу капитални проекти, потенцира градоначалникот Живко Гошаревски.
“Автопатското решение од Прилеп кон Битола како и изградбата на обиколница Ресен се два значајни проекти како за економскиот развој така и за туризмот. Јас на министерот му ги образложив сите наши проекти и визии и се согласивме дека со поддршка на Владата сме на добар пат да ја разбудиме заспаната убавица Преспа”, истакна градоначалникот Живко Гошаревски.  

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести