Луѓето се спремни се да шверцуваат на граница и аеродром, а начините на кои го прават та стануваат се повеќе генијални.
Секој изминат ден има нов начин на шверц кој ќе ве изненади и запрепасти. Така, цариниците во Индија запреле двајца мажи на аеродром, кои изгледале сомнително, а по подеталната анализа откриле дека скриваат злато скриено во перика.
Но не само злато, туку и пари. Цариникот ги запрел затоа што косите му изгледале сомнителни и се испоставило за точно. За брзо откриле пакувања златна паста со тежина од околу 698 грама кои биле скриени во лажна коса.
Кога им биле отстранети периките, откриле црни пакетчиња исполнети со пари и злато кои биле залепени на главите на овие генијалци. Пронајдено е и злато скриено во чорапи, па дури и во ректумот.
Тие се уапсени а соопштено е дека стоката која сакале да ја шверцуваат чини 382.943 долари.