14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Пристигнува орална вакцина против Ковид-19

Клиничките тестирања на оралната вакцина против коронавирус би можеле наскоро да започнат, а прелиминарните податоци се ветувачки.

Станува збор за вакцина наречена „Oravax“ (Оравакс), која ја развиваат израелско-американската компанија „Oramed Pharmaceuticals“ и индиската компанија „Premas Biotech“. Оваа вакцина се голта како таблета, па луѓето би можеле да ја земаат и дома.

Истражувањата спроведени врз животни покажуваат дека оралната вакцина резултирала со создавање антитела кои обезбедуваат имунитет против коронавирусот. Ветувачките резултати биле постигнати со давање само на една капсула „Oravax“, што ја разликува оваа вакцина од останатите кои треба да се примат во две дози.

Соосновачот на компанијата „Premas Biotech“ за индиските медиуми изјавил дека вакцината се зема како витаминска пилула и дека е целосно сигурен во нејзината ефикасност. Резултатите од тестирањата на животни наскоро ќе бидат објавени во научно списание.

Директорот на „Oramed Pharmaceuticals“, Надав Кидрон вели дека оралната вакцина би го решила логистичкиот проблем кој е присутен во светот во процесот на вакцинирање, и посочил дека таблетите може да се пијат и дома.

Исто така, вакцината би можела да се чува во обичен фрижидер дури и на собна температура, што исто така го елиминира проблемот со складирање на стандардните вакцини кои мора да се чуваат на екстремно ниски температури. Кидрон изјавил дека оралната вакцина може да има помалку несакани ефекти.

„Oravax“ се подготвува за тестирање на луѓе во неколку земји вклучувајќи ги САД, Израел, Мексико и Европа. Истражувањата би требало да започнат во јули.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести