10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Порше си ги награди вработените со скоро 8.000 евра

Porsche ги награди и своите вработени во пандемиската година. Луксузната марка автомобили оствари рекордни приходи, иако бројот на продадени возила и профитот благо се намалија.

Porsche завршува одлична година со оглед на ситуацијата, бидејќи коронавирусот едвај ја допре. Затоа годинашната награда за вработените е висока, скоро осум илјади евра.

Покрај предизвикувачката состојба на автомобилскиот пазар, особено поради недостаток на чипови, оваа година може да и донесе на Porsche првична јавна понуда на акции.

Извршниот директор на Porsche АG, Оливер Блуме, најави дека ќе биде отворен за разгледување на првичната јавна понуда на германскиот производител на спортски автомобили доколку нивниот сопственик Volkswagen АG реши да го стори тоа.

  • Мислам дека Porsche може да биде интересен дел за размислување за IPO, рече Блуме за време на брифинг со американски новинари, предупредувајќи дека нема да ја донесе конечната одлука.
  • Одлуката е на Volkswagen и тие сеуште не донесоа одлука.

Porsche беше светло место на VW за време на пандемијата. Испораките минатата година паднаа за само 3%, благодарение на силната побарувачка во Кина, нивниот најголем пазар. Ова му помогна на производителот од Штутгарт да одржи двоцифрена маргина на профит кога многу производители на автомобили претрпеа драматичен пад.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести