11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Маричиќ на средбата со Јурова: Поддршка за реформите во правосудството и зајакнување на владеењето на правото

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел се сретна со потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности Вера Јурова. На средбата се разговараше за реформите во Северна Македонија со фокус на оние во правосудството, владеењето на правото, но и за европските интеграции на земјата.

Маричиќ на средбата кажа дека владеењето на правото е основа за развој на сите држави, па затоа и земјите кандидатки за членство во унијата треба да бидат вклучени во постојниот механизам за владеење на правото во земјите членки на ЕУ.  

Маричиќ на Јурова и ја пренел одлучноста на Владата да продолжи со европската агенда и дека земјава со засилено темпо ќе продолжи да ги спроведува реформите со цел носење на европските стандарди дома, а тоа е и главната причина за носењето и спроведувањето на планот „Европа дома“.

Министерот за правда на потпретседателката на Европската комисија и го образложи и планот за дигитализација на македонското судство на кое Министерството за правда работи интензивно. Според Маричиќ дигитализацијата и онлајн судењата ќе обезбедат побрзи постапки и континуитет на истите.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести