Еден таков пример беше снимен во Тексас, а главниот актер беше жена на која пајак службата се обиде да и го одземе автомобилот поради неправилно паркирање.
И наместо да се расправа со работниците или да се обиде да ги убеди да не го сторат тоа, жената влезе во автомобилот и „нагази“.
Прво, таа ги „турираше“ задните тркала неколку секунди, а потоа излезе од автомобилот за да види дали ќе може да излезе.
Иако возачот на пајакот и рече дека нема шанси да излезе од таму, таа повторно влезе во автомобилот, додаде посилен гас и – побегна!