10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ДРАМА ВО КОЛОРАДО: Полицијата опколи супермаркет, има и ранети (ВИДЕО)

Во текот на вчерашниот ден дојде до пукање во супермаркет во сојузната држава Колорадо, а американските медиуми јавуваат дека има и повеќе повредени.

Извор од полицијата за ABC News изјавил дека полицијата реагирала на пријавата дека некој бил застрелан на паркингот и дека осомничениот пукал кон полицајците, кога пристигнале на самото место.

Според неименувани извори, напаѓачот наводно користел пушка.

ABC News додава, повикувајќи се на неименуван извор, дека имало повредени во пукањето, но дека не се познати детали.

Неколку полициски агенции излегоа на местото на настанот, вклучително и специјалните единици.

Полицијата во Колорадо преку Twitter ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.
Снимките што ги снимил локален огранок на CNN од хеликоптер, покажуваат дека полицијата од супермаркет вади човек без маица, за кого се чини дека има лисици и има траги од крв на раката и ногата.

Снимката исто така покажува дека голем број полицајци излегле на лице место, како и најмалку шест амбуланти, според CNN.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести